
Колку точно треба да тежите? Нутриционистите ја откриваат идеалната килажа за жени високи 170 см
Дали постои „волшебна формула“ за совршена линија? Нутриционистот Бранка Мирковиќ открива дека идеалната тежина не е фиксна бројка, туку зависи од градбата, мускулната маса и најважно – од годините. За жена со просечна висина од 170 сантиметри, правилата се менуваат како што старееме. Додека за девојките од 18 до 25 години идеалниот просек е 61 кг, за жените во четириесеттите таа бројка се искачува на 64 кг, бидејќи метаболизмот природно забавува.
Внимавајте на „скриеното“ дебелеење по 50-тата година
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Со влегувањето во зрелите години и менопаузата, губењето на мускулната маса е неизбежно, па затоа идеалната тежина за жени меѓу 50 и 60 години се смета дека е околу 66 кг. Мирковиќ советува драстично намалување на калориите (350-500 помалку дневно) и зголемена физичка активност. Генералното правило за оваа висина вели: се што е под 53,5 кг е недоволна тежина, а границата за нормална тежина е до 72 кг. Секоја бројка над тоа сигнализира зголемена тежина или дебелина.


