
Ова болеше! Робот го шутна својот оператор во најнезгодното место, камерата сними сè
Необичен и комичен инцидент предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. За време на демонстрација на технологија за следење движења (motion capture), напредниот хуманоиден робот Unitree G1 верно ги имитираше движењата на техничарот, сè до моментот кога изведе силен удар со нога – директно во неговите препони!
„Сурова“ иронија: Роботот го ископира и виткањето од болка
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Она што ја направи снимката вирална не е само ударот, туку она што следеше. Кога несреќниот човек се свитка од болка држејќи се за повреденото место, роботот (кој само примаше сигнали од сензорите на оделото) механички го повтори и тоа движење, „сочувствувајќи“ со жртвата. Иако Unitree G1 е висок само 1,32 метри и тежок 35 килограми, инцидентот покажа дека и напредната технологија може да биде непредвидлива и болна.


