
Чудо што ја разнежни Македонија: Објавени фотографии од жената што стана мајка на 60 години
Болницата „Д-р Органџиски“ сподели трогателна новогодишна честитка со фотографии од нивната највозрасна пациентка – жената која во ноември 2023 година, на прагот на 60-тата година, преку ин-витро постапка донесе на свет здраво бебе. „Во тие очи има радост што ја знаат само оние што долго чекале. Во таа прегратка има години надеж, трпение, борба и вера“, напишаа од болницата, споделувајќи моменти од мајката и нејзиното „најголемо богатство“.
„Победа над сите што рекле – нема шанси“
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден

Од болницата истакнуваат дека ова не е само медицински успех, туку победа на човечноста и упорноста. Жената, која денес ужива во мајчинството, е доказ дека „мајчинската љубов нема возраст“. Оваа приказна, велат од „Д-р Органџиски“, треба да биде надеж за сите парови кои се борат за потомство, потсетувајќи дека чудата се случуваат дури и кога многумина велат дека е невозможно.




