во ,

Крај по 9 години: Мел Гибсон (69) и Розалинд (35) веќе не се заедно

Крај на љубовта по една деценија: Мел Гибсон и 34 години помладата Розалинд се разделија

Холивудскиот ветеран Мел Гибсон (69) и неговата долгогодишна партнерка, сценаристката Розалинд Рос (35), одлучија да стават крај на својата врска по девет години заеднички живот. И покрај разделбата, поранешниот пар во заедничка изјава за магазинот „People“ нагласи дека остануваат посветени на родителството на нивниот осумгодишен син Ларс. „Благословени сме со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобрите можни родители“, порачаа тие.

Од асистентка до животна сопатничка: Романса која започна во 2014

Супер Попуст -25%

Нивната љубовна приказна започна кога Рос, тогаш 23-годишна, беше ангажирана како асистентка во продукциската куќа на Гибсон. Ова е трета сериозна врска за актерот, кој зад себе има бурно минато – 31-годишен брак со Робин Мур (со која има седум деца) и контроверзна врска со Оксана Григориева (една ќерка). Со оваа разделба, Гибсон, татко на вкупно девет деца, повторно е соло играч во Холивуд.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Училниците се празнат: Почнува зимскиот одмор за 250.000 деца

Ѕвездите за 31.12: Кој знак ќе ја дочека 2026 година со нова љубов?