
Дневен хороскоп за 5 јануари: Ракот машта за далечна љубов, Водолијата праќа погрешни сигнали
Понеделникот започнува со конфузна енергија за повеќето знаци. Додека Стрелците и Лавовите имаат добри предиспозиции за успех, земјените знаци се мачат со финансиски грижи и несигурност. Еве што ви предвидуваат ѕвездите за денес:
Овен
Не ви е јасно како да ги реализирате плановите, па затоа најдобро е денес да не носите конкретни одлуки. Во љубовта, иако плановите со партнерот ви се разликуваат, страста силно ве влече еден кон друг.
Бик
Ве мачат финансиски прашања и договори кои се одложуваат. Ниту вие, ниту партнерот не сте расположени, па тешко ќе најдете заеднички јазик денес.
Близнаци
Вие сте стабилни и знаете што сакате, но не можете да се потпрете на соработниците. Емотивно, денот е нестабилен поради променливото расположение на партнерот.
Рак
Некој ви нуди деловна помош, но бидете внимателни со ветувањата. Во мислите ви е некој кој физички не е блиску до вас – денот ќе ви помине во сонување.
Лав
Се очекува многу од вас, но имате одлични услови за успех. Во љубовта маштате за средба со една личност – потрудете се тоа да не остане само во вашата глава.
Девица
Личните и деловните проблеми ви го одвлекуваат вниманието, тешко се фокусирате. Партнерот е непредвидлив – час е нежен, час е подготвен за расправија.
Вага
Сомничави сте кон понудите што звучат „предобро за да бидат вистинити“. Комуникацијата со колега ве тера да се запрашате: дали е ова само колегијалност или флерт?
Шкорпија
Нестрпливо чекате важни информации. Имате финансиски грижи, но во љубовта правите големи планови – денес може пријатно да го изненадите саканиот.
Стрелец
Оптимисти сте и денот е добар за склучување договори. Сепак, на емотивен план сте несигурни. Најдобро е да ги оставите работите да „преноќат“ пред да одлучите.
Јарец
Енергијата денес не ви годи, чувствувате нервоза и претерана грижа. Обидете се да бидете коректни со обврските. Ве чека неизбежен сериозен разговор со партнерот.
Водолија
Не гледате излез од некои ситуации и се надевате дека ќе се решат сами. Внимавајте: премногу сте пријателски настроени кон една личност која тоа го толкува како флерт.
Риби
Целосна збунетост на работното место. Добивате информации кои не ви се допаѓаат и ви ги кочат плановите. Во љубовта посакувате повеќе отколку што моментално е возможно.

