во ,

Ако чувствувате немир, застанете: Интуицијата не е мит, туку биолошки факт

Науката потврди: Ако нешто ви се „јави“ на прв поглед, послушајте го – интуицијата е побрза од разумот

Дали некогаш сте имале чудно чувство во стомакот кое ви вели „не го прави тоа“, иако логиката ви вели спротивно? Ако сте го игнорирале тој глас и сте згрешиле, не сте единствени. Невролозите потврдуваат: интуицијата не е магија, туку супер-брз процес на вашиот мозок.

Интуиција или паника? Еве како да ги разликувате

Супер Попуст -25%

Во време на колективна анксиозност и лоши вести, лесно е да се помеша стравот со интуицијата. Психолозите го даваат клучот за разликата:

  • Интуицијата е тивка и јасна: Тоа е чувство на „знам, но не знам зошто“. Не предизвикува хаос, туку еден вид на внатрешна сигурност (или предупредување).
  • Стравот е бучен: Тој доаѓа со катастрофални сценарија, опсесивни мисли, потење и забрзано срцебиење.

Мозокот обработува пред вие да сфатите

Истражувањата покажуваат дека делови од мозокот (амигдалата) реагираат на микро-сигнали – тон на глас, говор на тело, мимики – пред нашиот свесен ум воопшто да ги регистрира. Затоа, тој „прв впечаток“ за некоја личност честопати е поточен од анализите што ги правиме подоцна. Советот е едноставен: Ако нешто ве смирува, тоа е правилниот пат. Ако ве парализира или ви стега стомак – застанете и размислете.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од денес на диета? Комплетно мени за еден ден со кое ќе бидете сити, а ќе слабеете

Први зборови на Мадуро пред американскиот судија: „Не сум виновен, ме киднапираа!“