во ,

Тажната симболика на 7 јануари: Тесла почина сам на Божиќ, но светот го испрати како крал

Замина на Божиќ: Денот кога светот плачеше за Тесла, а Њујорк му се поклони на „сиромашниот гениј“

На денешен ден, токму на православниот Божиќ во 1943 година, во хотелската соба 3327 на хотелот „Њујоркер“, осамен почина еден од најголемите умови во историјата на човештвото – Никола Тесла. Иако умре сам, неговото испраќање беше величествено.

Писмо од Првата дама на САД

Супер Попуст -25%

Неговиот биограф, Марк Сајфер, открива дека смртта на Тесла била тажна вест дури и за Белата куќа. Елеонора Рузвелт, сопругата на американскиот претседател, испратила трогателно писмо со сочувство, препознавајќи ја неговата големина во време кога светот беше во пламен (Втора светска војна).

„Умре сиромашен, а беше најбогат“

На комеморацијата во катедралата „Свети Јован Богослов“ во Њујорк присуствувале над 2.000 луѓе, меѓу кои и нобеловци. Градоначалникот на Њујорк, Фиорело Ла Гвардија, ја прочитал познатата посмртна беседа:

„Минатата среда во својата хотелска соба почина еден човек. Се викаше Никола Тесла. Умре сиромашен, но беше еден од најуспешните луѓе што некогаш живееле. Сакаше успех, но го намени за другите. Парите не го интересираа.“

Мит за гулабите

Сајфер го разбива и митот дека Тесла пред смртта бил само „излапен старец што храни гулаби“. До последниот ден, тој водел разговори со високи претставници на Черчил и Рузвелт, советувајќи ги за технологии кои би можеле да стават крај на војната.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнете со кого Путин го прослави Божиќ

Трамп подготвен за војна со Данска?! Белата куќа потврди: „Воената опција за Гренланд е на маса“