во ,

Најстрогиот закон во Македонија досега: Нема веќе цигари во кола со деца, ниту вејп со вкусови

Крај за цигарите во кафулиња и тераси: Се спрема најригорозниот закон против пушењето

Македонија подготвува драстични законски измени кои целосно ќе го исфрлат тутунот од јавниот живот. Според нацрт-верзијата, пушењето ќе биде целосно забрането во сите угостителски објекти, вклучувајќи ги и терасите доколку не се отворени од најмалку три страни. Законот влегува и во приватната сфера – се воведува забрана за пушење во автомобил ако се превезуваат малолетници, како и на автобуски и железнички станици.

Удар за електронските цигари: Се забрануваат вкусовите, а кутиите ќе се кријат

Супер Попуст -25%

Новите правила ги изедначуваат електронските цигари и „вејп“ уредите со обичниот тутун. Особено ригорозна е целосната забрана за додадени вкусови и ароми. Исто така, по примерот на Западот, цигарите веќе нема да смеат да се гледаат на рафтовите во продавниците. Министерство за здравство реагира поради алармантната статистика од 4.000 смртни случаи годишно и фактот што над 45% од нацијата се пушачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ветер од 213 км/ч ја збриша Северна Европа: Бурата „Горети“ остави половина милион луѓе во мрак

Вистинска зима: Попладнево цела Македонија ќе побели, еве каде ќе има најмногу снег