
Најголемото изненадување за многумина е кога ќе почнат да вежбаат редовно, а килограмите не се поместуваат како што очекувале.
Физичката активност носи сериозни придобивки за здравјето, но не секогаш значи и брзо слабеење. Научниците објаснуваат дека телото не ја „собира“ механички секоја потрошена калорија од тренингот, туку често прави компензација за да ја задржи дневната потрошувачка во одредени граници. Тоа не значи дека вежбањето е бескорисно, туку дека очекувањата од „калории внатре, калории надвор“ понекогаш се премногу поедноставени.
Две формули, една голема заблуда
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Со години се користеше т.н. адитивен модел, според кој вкупното согорување е „основна потрошувачка + тренинг“. Ако некој троши околу 2.000 калории дневно, па на трчање согори уште 400, логиката вели дека тој ден ќе бидат 2.400. Но новите анализи покажуваат дека во реалниот живот ова често не расте толку чисто и линеарно, затоа што телото реагира на зголемената активност со промени во други процеси и навики.
Телото компензира, дел од „плусот“ се поништува
Наместо тоа, се засилува т.н. ограничен модел, каде телото има граница колку енергија троши дневно и, кога ќе додадете повеќе тренинг, „штеди“ на други места. Двајца истражувачи од Универзитетот Дјук во САД, Херман Понцер и Ерик Т. Трекслер, анализирале 14 студии со околу 450 луѓе и споредувале очекувано со реално согорување. Во просек, околу 72% од калориите од вежбање навистина се додаваат во дневниот биланс, но околу 28% може да се „покрие“ преку компензација, а таа бројка значително варира од човек до човек. Пораката е јасна: вежбањето ја зголемува потрошувачката, но често помалку отколку што ветува едноставната математика, а за слабеење најчесто е клучно и што, колку и како се јаде, како и целокупниот ритам на живот


