
Властите во Каталонија донесоа одлука за зголемување на туристичката такса во Барселона, која ќе достигне до 15 евра по ноќ за хотелско сместување
Според новиот закон усвоен од регионалниот парламент, данокот за приватни апартмани се удвојува – од 6,25 на 12,5 евра по ноќ. Мерката е дел од поширок план со кој до 2028 година треба да се ограничи или целосно забрани краткорочното изнајмување.
Фокус на станбената криза
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Околу 25 проценти од средствата собрани од зголемената такса ќе бидат наменети за финансирање на програми за достапно домување. Локалните власти наведуваат дека прекумерниот туризам придонел за раст на цените на кириите и недостиг на станови за жителите.
Различни тарифи за различни сместувања
Од април, гостите во хотели ќе плаќаат меѓу 10 и 15 евра по ноќ, во зависност од категоријата. За патниците со крузери, таксата останува 6 евра.
Со оваа мерка, Барселона се приклучува на европските градови кои воведуваат построги правила за туризмот со цел да се балансира економскиот бенефит и квалитетот на живот на локалното население.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








