во ,

Вучиќ го посети Дачиќ: Состојбата е подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и соопшти дека неговата состојба е нешто подобра

Вучиќ информацијата ја објави на социјалните мрежи, наведувајќи дека лекарите оцениле оти има мало подобрување во здравствената состојба на Дачиќ. Посетата се случила пред заминувањето на претседателот на пат кон Казахстан.

Супер Попуст -25%

„Верувам во него“, напиша Вучиќ, додавајќи дека закрепнувањето е во тек.

Претпазливост и понатамошен третман

И покрај позитивните сигнали, претседателот нагласи дека претпазливоста и натаму е неопходна. „Ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, изјави тој.

Дачиќ беше хоспитализиран поради сериозна здравствена состојба, а јавноста во Србија внимателно ги следи информациите за неговото закрепнување.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Зеленски: „Дружба“ не може брзо да се санира