
Овен
Во претпладневните часови ве очекува силна активност, но и зголемена импулсивност. Внимавајте да не направите потег за кој подоцна ќе се каете. Во љубовта, вие и партнерот гледате различно на одредена ситуација, па ќе биде потребен повеќе мир и трпение.
Бик
Во првиот дел од денот потешко ќе ја задржите смиреноста, особено во контактите со соработниците. Ќе ве нервираат и ситници кои вообичаено би ги игнорирале. Во љубовта се трудите да останете коректни, иако однесувањето на партнерот ви создава дополнителна напнатост.
Близнаци
Најдобро е денес да дозволите некои деловни ситуации да се решат без ваше големо мешање. Можно е помало парично подобрување. Денот е одличен за дружење, излегување и разговори со пријатели, па вечерта може да ви донесе многу подобро расположение.
Рак
Напнатоста во претпладневните часови ќе влијае врз вашето функционирање. Голем број обврски одеднаш ќе се насоберат, а тоа ќе ви создаде чувство дека не можете сè да постигнете. Ќе ви биде тешко да го усогласите приватниот живот со работата, па партнерот може да остане во втор план.
Лав
Очекувавте помирен ден, но обврските ќе ве изненадат. Ќе мора брзо да реагирате и да решавате повеќе работи одеднаш. Сепак, околностите се на ваша страна и ќе успеете да завршите навреме. Во љубовта покажете повеќе внимание, бидејќи партнерот има потреба од вашето присуство.
Девица
Несигурноста која ќе ја чувствувате во првиот дел од денот брзо ќе исчезне кога ќе добиете информација или потврда што долго ја очекувате. На емотивен план ве чека убаво изненадување. Партнерот може да направи гест кој ќе ви го врати насмевката на лицето.
Вага
Плановите може да се сменат во последен момент поради деловни обврски или неочекувани промени. Ќе мора да одложите нешто што ви било важно. Потрудете се нервозата од работата да не ја пренесете дома, бидејќи односот со саканата личност може непотребно да се затегне.
Шкорпија
Ќе мора да ги испочитувате барањата на колеги или соработници, иако тоа ќе ви ги наруши личните планови. Нервозата ќе биде присутна, но партнерот денес ќе покаже повеќе разбирање. Попладнето и вечерта можат да поминат многу посмирено од очекуваното.
Стрелец
Пред вас е добар деловен ден, иако темпото ќе биде забрзано. Лесно ќе ги совладате пречките и ќе имате добра комуникација со колегите. Сепак, средбата со партнерот најверојатно ќе мора да ја одложите поради недостиг на време.
Јарец
Подготвени сте да вложите труд во важен деловен состанок или контакт со значаен соработник. Многу работи ќе ви одат во прилог, па можете да оставите добар впечаток. Во љубовта имате пријатна комуникација со личност која сè повеќе ви станува блиска.
Водолија
Ве очекува брз, но продуктивен ден. Ќе успеете да ги контролирате ситуациите и навреме да завршите сè што е потребно. Во емотивниот живот сè потешко ја криете заинтересираноста за една личност, а тоа може да стане очигледно и за другите.
Риби
Се трудите да бидете коректни и да ги исполните ветувањата, но ве нервира што од другата страна не добивате ист третман. Можно е да останете без информација или услуга што ја очекувате. Во љубовта имате големи очекувања од средба со една личност, но обидете се да не идеализирате премногу.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







