
Милиони луѓе низ Европската Унија не можат да си дозволат ниту една недела одмор надвор од местото каде што живеат. Според најновите податоци на Евростат, во 2025 година со овој проблем се соочиле 27,5 проценти од населението на возраст од 16 години или повеќе.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Процентот е зголемен за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година. Сепак, состојбата е подобра отколку пред една деценија, бидејќи уделот е за 7,7 процентни поени понизок отколку во 2015 година.
Во Романија одмор не можат да си дозволат шест од десет луѓе
Најтешка е состојбата во Романија, каде што дури 61,4 проценти од граѓаните немале доволно средства за еднонеделно патување.
Веднаш зад неа е Грција со 46,6 проценти. Во Бугарија и Унгарија процентот е идентичен – по 39,1 проценти од населението не можело да си дозволи седум дена одмор надвор од домот.
Податоците откриваат голема разлика во животниот стандард меѓу земјите членки. Додека во еден дел од Унијата годишното патување е вообичаен трошок, во други држави тоа останува недостижно за значителен дел од населението.
Најмал проблем имаат Луксембург, Шведска и Холандија
На спротивната страна е Луксембург, каде само 10,6 проценти од жителите пријавиле дека не можат да финансираат еднонеделен одмор.
Следуваат Шведска со 12,4 проценти и Холандија со 12,8 проценти. Во овие земји финансиската неможност за патување е повеќекратно поретка отколку во Романија или Грција.
Одморот е показател за животниот стандард
Евростат го следи овој податок како дел од анализите за приходите, условите за живот и материјалната состојба на европските домаќинства.
Показателот не мери колку луѓе навистина отпатувале, туку колкав дел од населението финансиски не може да си дозволи една недела годишен одмор надвор од својот дом.
Податоците за 2025 година покажуваат дека и покрај подобрувањето во споредба со периодот од пред една деценија, краткото патување и натаму останува недостижно за повеќе од секој четврти жител на ЕУ.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден








