
Во делови од префектурата Чиба, која се наоѓа во непосредна близина на Токио, за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд. Водата целосно ги поплавила патиштата и железничките линии, и тоа токму во период кога земјата е во еден од најфреквентните празнични периоди во годината. Поради сериозноста на ситуацијата и загрозеноста на населението, јапонските власти ја вклучиле и армијата во спасувачките активности.
Хаос на меѓународниот аеродром Нарита
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Особено тешка била состојбата на меѓународниот аеродром Нарита. Поради прекините во транспортните врски и неможноста да се стигне до градот, околу 7.000 патници останале заглавени во терминалите. Снимките на јапонската јавна телевизија NHK покажале стотици исцрпени патници како спијат на подовите, покриени со ќебиња и снабдени со вода и храна од аеродромскиот персонал.
„Ова е целосно невообичаена ситуација. Учествував во санирање на многу катастрофи, но никогаш не сум доживеал нешто слично,“ изјави видно потресениот гувернер на Чиба, Тошихито Кумагаи.
Илјадници без струја, патиштата блокирани
Невремето предизвикало колапс и со снабдувањето со електрична енергија. Според податоците на „Tokyo Electric Power“, над 22.000 домаќинства останале без струја. Во градот Чиба, едно од најпогодените подрачја, стотици луѓе ја поминале ноќта во привремени центри за евакуација.
Поплавите довеле и до затворање на повеќе главни автопати во префектурата, поради што на алтернативните правци се создале километарски колони. Дел од железничкиот сообраќај сè уште е во прекин, иако надлежните успеале повторно да оспособат некои од клучните линии меѓу Нарита и Токио.


