
Златото веднаш било преземено од надлежните служби и безбедно складирано во трезор, но сè уште не е познато кому тоа правно му припаѓа, ниту пак дали пронаоѓачите ќе добијат некаква награда, пренесува белгискиот портал ВРТ.
Ги известиле сопственикот и полицијата
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Коби заедно со своите колеги во вторникот работел на рушење на зграда во Синт-Гилис-Дендермонде. За време на земјените работи, додека отстранувале дел од темелите за да постават канализациона цевка, тие здогледале нешто што личело на обични парички.
„На почетокот мислев дека тоа се монети од по едно евро. Но, потоа видовме и грутка злато и веднаш сфативме дека станува збор за нешто многу поголемо и повредно,“ изјавил младиот студент Коби.
Раководителот на градилиштето, Марио, истакнал дека работниците продолжиле да копаат и набрзо пронашле уште многу златници и златни прачки. По неверојатното откритие, раководителот веднаш ги известил сопственикот на зградата и полицијата. Надлежните служби го презеле златото, го попишале и го однеле во високо обезбеден трезор на сојузните државни служби.

„Не верувам дека некогаш ќе се повтори“
Коби признал дека работниците накратко помислиле дека би можеле да го задржат пронајденото злато, но многу брзо се откажале од таа идеја. „После 33 години поминати во градежништвото, ова е првпат да доживеам вакво нешто. Не верувам дека некогаш повторно ќе се случи,“ додал раководителот Марио.
Полицијата во Дендермонде упати итен апел до граѓаните да не доаѓаат на градилиштето, бидејќи таму веќе почнале да се собираат десетици љубопитни луѓе кои слушнале за богатството. Надлежните предупредија дека локацијата е многу опасна, бидејќи зградата целосно се руши, а на теренот се наоѓаат багери и длабоки ископи.
Влезот е строго забранет, а просторот е целосно ограден. Во моментов се води опсежна истрага за да се утврди кому точно му припаѓа златото и зошто воопшто било скриено под темелите на старата зграда.



