во

ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ НА УКИМ: Слободни се 8.851 место за бруцоши, државната квота чини 200 евра.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е во тек првиот рок за пријавување на кандидати за запишување во прва година. На 23-те факултети слободни се вкупно 8.851 место за идните бруцоши во академската 2026/2027 година.

Според објавениот Конкурс на УКИМ, од вкупниот број слободни места, најголем дел или 4.395 се за студенти во државна квота. Овие редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет плаќаат надомест за студиите од 200 евра. За редовните студенти кои ги кофинансираат студиите се предвидени 3.621 место, додека 835 места се за вонредни студенти. Овие две категории плаќаат школарина од 400 евра.

Супер Попуст -25%

Најголем број студенти ќе бидат примени на следниве факултети:

  • Медицински факултет: 950 места
  • Филолошки факултет: 805 места
  • ФИНКИ: 800 места
  • Економски факултет: 655 места
  • Филозофски факултет: 635 места
  • Природно-математички факултет: 626 места
  • ФЕИТ и Машински: по 600 места

Намалени квотите на факултетите поради пазарот на трудот

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека оваа година бројот на слободни места е намален за околу 2.000 на сите универзитети низ државата. Оваа одлука следи по детална анализа на пазарот на трудот.

„Повеќе намаливме во струките бизнис-администрација, јавна администрација, нешто на Економски, на Правен, бидејќи таму се појавува одреден поголем број на невработени. За разлика од тоа, останаа речиси идентични техничките струки, информатиката, машинството, градежништвото – таму вработливоста е на одлично ниво и достигнува до 98-99 проценти“, истакна Јаневска.

Рокови и електронско пријавување

По завршувањето на првиот рок (денеска и утре), конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а самото запишување на примените кандидати ќе се реализира на 3 и 4 септември. Вториот рок ќе биде на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември на факултетите каде што ќе останат слободни места.

Заинтересираните кандидати мора прво да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава преку системот iKnow. Бројот добиен од системот се внесува во хартиената пријава која лично се поднесува во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АРМИЈАТА ГО СЛАВИ 34. РОДЕНДЕН: Најдинамична трансформација и потврдена борбена готовност!

ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА БРАЗИЛЕЦОТ: Рафиња е новиот капитен на Барселона!