во

ВМРО-ДПМНЕ ВОЗВРАТИ НА ОБВИНУВАЊАТА: Пред фактите пропаднаа лагите на СДСМ за водата во Гостивар!

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со жестока контра-реакција кон опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека шири лаги, паника и неточни конструкции поврзани со кризата со водата за пиење во Гостивар.

Според владејачката партија, пред фактите и доказите пропаднале сите обиди на опозицијата за создавање хаос во јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека наместо да преземат одговорност за измислиците и јавно да им се извинат на граѓаните, од СДСМ продолжуваат со потполно истата политичка матрица.

„Нов ден, нова политичка конструкција“

Супер Попуст -25%

Во реакцијата се наведува дека опозицијата се обидува да наметне политички теми преку создавање непотребна паника и ширење тврдења кои не се потврдени со никакви факти.

„Кога фактите не им одговараат, СДС создава нова приказна. Кога ќе пропадне една конструкција, следи нова. Но, граѓаните веќе јасно ја препознаваат оваа политика која произведува приказни и недоверба, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која работи и испорачува резултати во интерес на сите“, порачуваат од партијата.

Каде беше опозицијата да помогне во Гостивар?

ВМРО-ДПМНЕ ја повика опозициската партија да покаже доблест и да одговори на неколку клучни прашања поврзани со кризата во Гостивар:

  • Каде беше партијата кога на граѓаните им беше потребна конкретна помош и зошто не обезбедија ниту еден пакет со вода?
  • Зошто не бараа одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, за кого дадоа политичка поддршка на минатите избори?
  • До кога сопствениот неуспех ќе го покриваат со спинови и дезинформации?

Во соопштението директно е споменат и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави неговата партија. На граѓаните им треба работа, а не страв и паника“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НОВ УДАР ЗА ТЕХЕРАН: Обединетите Арапски Емирати ги суспендираа сите економски врски со Иран!

НЕТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ЦРНА ГОРА: Премиерот Спајиќ и уште 17 министри не дозволуваат контрола на нивните банкарски сметки!