во

„ЕКОНОМСКИ ДЕН Д“: Трамп најави брутална војна што ќе го уништи Иран!

Американскиот претседател Доналд Трамп тргнува во финална пресметка со Иран. Најавена е нова, екстремно строга фаза на економски притисок наречена „економски Ден Д“. Секоја земја или компанија што ќе продолжи да соработува со Техеран ќе се соочи со катастрофални последици.

Трамп преку својата социјална мрежа објави почеток на досега невидена операција. Според неговите проценки, Иран ја пропуштил историската шанса за договор со САД. Ова е почеток на најразорната економска кампања насочена кон целосна изолација на државата.

Секундарни санкции за целиот свет

Супер Попуст -25%

Предупредувањето не важи само за Иранската Република. Трамп испрати јасна и директна порака до сите светски сојузници и партнери. Секоја банка, компанија или аеродром што ќе му помогне на Техеран, ќе трпи огромни економски штети. Ова значи брутално активирање на секундарни санкции за трансакции дури и надвор од американската територија.

„Никој не ѝ дал на Исламската Република Иран поголема можност да постигне договор од мене. За жал за нив, тие не ја искористија. Ова ќе биде економски Ден Д!“

Удар врз нафтата и шверцот

Новата офанзива директно ги таргетира црните пазари и заобиколните рути. Главни цели се шверцот со иранска нафта, фиктивните компании и нелегалните трансфери на готовина. Американскиот министер за финансии најави мерки без преседан кои целосно ќе го блокираат пристапот на Иран до меѓународните парични текови.

Обединетите Арапски Емирати веќе пресекоа

Дополнителен шок за иранската економија пристигна директно од Блискиот Исток. Обединетите Арапски Емирати итно ги суспендираа сите финансиски и трговски трансакции. Овој потег следеше откако ирански балистички ракети паднаа во Персискиот Залив и го загрозија поморскиот сообраќај. Губењето на Емиратите како клучен трговски центар е масивен и можеби фатален удар за Иран.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИЗБОРИ СРЕДЕ ВОЈНА? ЕУ испрати моќна и јасна порака до Киев!

ВУЧИЌ АЛАРМИРА: НАТО да го спречи отворањето на мостот на Ибар, Србите се во опасност!