во

ВУЧИЌ АЛАРМИРА: НАТО да го спречи отворањето на мостот на Ибар, Србите се во опасност!

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати итен апел до НАТО и КФОР да го спречат отворањето на главниот мост на реката Ибар во Косовска Митровица. Тој предупредува дека овој потег драстично ќе ја загрози безбедноста на српското население во северниот дел на Косово и Метохија.

Вучиќ испратил официјално писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во писмото тој отворено ги обвини властите во Приштина за спроведување „терор врз Србите“ и побара итна реакција од Алијансата. Според неговите тврдења, во изминатите пет години се случил непрекинат прогон на српското население со повеќе од 800 етнички мотивирани напади.

Спорното отворање на мостот на Ибар

Супер Попуст -25%

Ситуацијата се влошува откако КФОР на почетокот на август почна постепено да го намалува своето присуство на мостот, тврдејќи дека безбедносната состојба е подобрена. Во исто време, косовските власти најавија дека одговорноста ќе ја преземе нивната полиција и дека мостот наскоро ќе биде отворен за сообраќај. Главниот мост на Ибар уште од крајот на војната во 1999 година е едно од најчувствителните места во поделената Митровица.

„Побаравме да не го прават тоа, бидејќи тоа секогаш беше предмет на дијалог. Теророт на Албин Курти и Приштина врз српското население мора да престане.“

Дипломатска офанзива и повик до ОН

Во писмото до Руте, српскиот претседател потсети на неисполнетите обврски од Бриселскиот договор од 2013 година. Тој посочи дека многу од актуелните проблеми би биле решени доколку Европската Унија инсистираше на формирање Заедница на српски општини. Белград најавува дека ќе ја продолжи дипломатската битка пред меѓународните институции, а не се исклучува и можноста за барање итна седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„ЕКОНОМСКИ ДЕН Д“: Трамп најави брутална војна што ќе го уништи Иран!

ПЕКОЛНА ЖЕШТИНА ЈА ЗАКОВУВА МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе достигнат до 40 степени!