во

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ПРЕДИЗВИКА КОЛАПС: Странците заглавени на граница, МВР воведува итна апликација!

Граничниот премин Табановце деновиве е место на голема нервоза, гужви и стрес за странските туристи. Системот „Безбеден град“ почна да ги казнува и странците, предизвикувајќи вистински колапс откако камерите автоматски ги регистрираат прекршоците низ македонските патишта.

Системот за автоматско препознавање на регистарски таблички (ANPR) сега е целосно интегриран со граничните премини. Камерите поставени на клучните делници од Коридорот 10 автоматски ги ловат пречекорувањата на брзината и минувањето на црвено светло. Проблемот настанува кога странските возачи ќе се обидат да ја напуштат државата, а системот ќе алармира за неплатена казна.

Плаќање казна без докази

Супер Попуст -25%

Странските државјани се револтирани бидејќи граничната полиција само ги исклучува од сообраќај и им врачува платен налог. Пред шалтерите на банките се формираат огромни редици, а туристите се жалат дека чекаат и по два часа без да добијат конкретен доказ за направениот прекршок. Тие тврдат дека им се земаат пасошите и им се кажува само сумата што треба да ја платат.

„Проблемот не е во самата казна, туку во постапката – плаќате пари без да ви биде приложен каков било доказ за направениот прекршок. Единствениот одговор е дека ‘така стои во системот’.“

МВР воведува нова апликација

За да го реши овој растечки проблем и да го намали метежот на границите, Министерството за внатрешни работи најави ново дигитално решение. Странските возачи преку специјална апликација ќе можат директно да ги проверуваат своите прекршоци и да ги плаќаат казните по електронски пат. За најава, возачот ќе треба само да ја скенира патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото, со што ќе се избегне непотребното задржување на граница.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

КРАЈ НА ПЕКОЛНАТА МИСИЈА: „УСС Абрахам Линколн“ се враќа дома по 9 месеци на Блискиот Исток!

„МОЛКОТ Е ОДГОВОР!“ – ДУИ удри по Влен, бара итно соочување со граѓаните!