
Реакцијата доаѓа откако Мицкоски изјави дека не се откажува од проектите за изградба на дата-центри, споменувајќи пет-шест потенцијални инвеститори и најавувајќи нивна сигурна реализација. Од СДСМ поставуваат прашање на кого му се поклонуваат македонските ресурси – водата, земјата и струјата – предупредувајќи дека граѓаните ќе се соочат со повисоки сметки, недостаток на вода за земјоделците и корист само за приватни компаниски профити.
Барање за итна транспарентност и идентитет на инвеститорите
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Во партиското соопштение се нагласува дека дата-центрите не претставуваат вистински технолошки напредок за земјата, туку хардвер за туѓи интереси кој ги исцрпува домашните капацитети. Опозицијата бара итна и целосна транспарентност од власта, инсистирајќи јавноста да дознае кои се инвеститорите со кои премиерот преговара и какви конкретни придобивки ќе има државата.
„Секогаш кога Мицкоски договара и разговара, граѓаните ништо не знаат; инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите да се ставаат во функција на туѓи профити.“


