во

ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЕУ ТУРИСТИ: Тирана прогласена за најповолна европска дестинација за есенско патување!

Тирана е официјално прогласена за најповолна европска дестинација за есенско градско патување според новото истражување на познатата туристичка агенција „Thomas Cook“, која анализирала 51 популарна локација низ Европа.

Според резултатите, во главниот град на Албанија просечните дневни трошоци во септември изнесуваат едвај околу 60 евра, што значи дека тридневен престој може да се реализира за приближно 180 евра по лице. За споредба, цената за три дена во Амстердам достигнува дури 1.070 евра, додека во Тирана просечното ноќевање на почетокот на септември чини околу 32 евра, оброците се околу 8 евра, а влезниците за атракции како плоштадот „Скендербег“ и планината Дајти се околу 5 евра.

Кои дестинации се на врвот на листата за есенски туризам?

Супер Попуст -25%

На второто место се наоѓа романскиот главен град Букурешт со просечен дневен буџет од околу 67 евра, додека третата позиција ја зазема турската Анталија со 78 евра дневно и извонредно ниски цени на храната. Меѓу десетте најповолни европски градови се пласираат и Варшава (80 евра), Истанбул (83 евра), Мугла и Краков (околу 89 евра), Вилнус и Франкфурт (91 евро), како и францускиот Лион кој ја заокружува топ-листата со околу 92 евра дневно.

„Истражувањето покажува дека во 18 од анализираните европски градови туристите можат да поминат еден ден со помалку од 117 евра, при што балканските дестинации нудат најдобар сооднос меѓу цена и квалитет за есенските патувања.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ИСЛАНД: Граѓаните на референдум одлучуваат дали да ги обновят преговорите за членство во ЕУ!

ЈАСНА ПОРАКА ОД БРИСЕЛ: Европската комисија порача дека во Европа нема место за величање воени злосторници!