
Според првичните информации, невремето кое започна нешто по 20 часот остави делови од градот во мракот, додека сообраќајот на правците Кочани–Штип и Кочани–Делчево е во целосен прекин поради големи наноси, искршени гранки и паднати дрвја на коловозот. Блокиран е и излезот кон Виница кај училиштето „Гошо Викентиев“, додека булеварот „Тодосија Пунов“ е потполно непрооден поради огромни количини вода во кои заглавија неколку возила.
Итни екипи на терен и расчистување на штетите
-
Петок
699 ден
524.25 ден
На терен со полна пареа интервенираат екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и полициските службеници, кои ги расчистуваат сообраќајниците и им помагаат на граѓаните. Оштетените дрвја и гранки се забележани на десетици локации низ градското подрачје, а надлежните апелираат на крајна претпазливост и избегнување на движење додека траат санациите.
„Невремето предизвика сериозни проблеми во нормалното функционирање на градот, а екипите остануваат на терен се до целосно оспособување на патиштата и снабдувањето со струја.“


