
Според последните податоци, против продолжувањето на преговорите се изјасниле 50,1 отсто од гласачите, додека 49,9 проценти ја поддржале опцијата „за“, што претставува целосен пресврт во однос на првичните резултати каде водство имаше европската интеграција со 51,2 отсто. Главни прашања во кампањата беа високите каматни стапки и економската безбедност, додека противниците предупредуваат за зачувување на суверенитетот и контролата врз виталните риболовни подрачја.
Се чека пребројувањето на сите гласови до пладне
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Поради исклучително тенката разлика меѓу двете спротивставени опции, победник сè уште не може да се прогласи со сигурност. Изборната комисија најави дека конечниот исход ќе биде познат дури по комплетното пребројување на гласовите, кое се очекува да заврши во текот на пладневните часови.
„Поддржувачите тврдат дека ЕУ би донела намалување на каматите и стабилност, додека противниците стравуваат за риболовот и економскиот суверенитет на земјата.“



