
Според најновиот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активните пожари се распоредени во општините Ресен, Сарај, Петровец, Јегуновце, Чашка, Прилеп и Боговиње, каде што огнените стихии зафаќаат мешани и ниски шуми, вегетација, депонии и реон во близина на касарната во Прилеп. Во исто време, два големи пожари се успешно ставени под контрола – реонот меѓу Гостивар и Македонски Брод, како и пожарот над селото Палиград во Општина Студеничани.
Бројни интервенции и успешно изгаснати 17 пожари
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Екипите на терен во текот на ноќта и утринските часови успеаја да изгаснат 17 пожари во повеќе региони, меѓу кои Битола, Долнени, Прилеп, Струмица, Струга, Куманово, Штип и неколку скопски општини. ЦУК продолжува со непрекинат мониторинг на кризната состојба и апелира до граѓаните на крајна претпазливост и почитување на забраните за палење оган на отворено.
„Активните осум пожари бараат постојана координација и ангажирање на сите расположливи ресурси на терен за да се спречи нивно понатамошно ширење.“


