
Приказната на оваа мала хероина започна предвреме, во 27-та гестациска недела. Нејзиниот старт беше исклучително тежок, проследен со лоши прогнози и многу страв. Но, и покрај сè, уште од првиот ден Бисера покажа неверојатна животна сила. Деноноќно бдеејќи над нејзиниот инкубатор, медицинскиот тим вложи максимални напори да ѝ помогне во битката за преживување, создавајќи притоа нераскинлива емотивна врска со својата најмала пациентка.
Лекција по храброст и издржливост
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Лекарите и медицинските сестри отворено признаваат дека Бисера им одржала вистинска лекција по храброст. Секој нејзин нов здив и секое отчукување на ситното срце носеа надеж за целиот персонал. Стручниот тим воедно упати и длабока почит кон нејзините родители. Нивната достоинствена тишина, трпеливост и непоколеблива верба беа најсилниот столб во овие три месеци.
„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство. Ја чувавме секоја нејзина мала победа и со страв и надеж го чекавме токму овој ден кога ќе можеме безбедно да ја испратиме дома.“
Емотивно испраќање по месеци страв и надеж
Видно емотивните вработени на ГАК денеска се простија од нивната храбра пациентка. И посакаа домот секогаш да ѝ биде исполнет со детска смеа, топлина и прегратки кои никогаш нема да завршат. Оваа инспиративна приказна останува силен потсетник за светоста на медицинската професија, но претставува и огромна искра надеж за сите родители кои минуваат низ борбата на предвременото раѓање. За Бисера, пак, денес официјално почнува едно сосема ново, среќно и безгрижно поглавје.


