
Епицентар кај Националниот парк Преспа
Според официјалните податоци од Сеизмолошкиот институт на Србија и Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран точно во 5:40 часот наутро. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Националниот парк Преспа, што е потврдено и од сеизмолошките опсерватории во Тирана, Атина и Солун. За среќа, според првичните теренски информации, не се пријавени материјални штети, ниту пак повредени лица.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден

„Силно и долго тресење“ – сведоштва на граѓаните
Иако помина без последици по инфраструктурата, земјотресот предизвика сериозна паника кај населението. Потресот бил значително почувствуван во Македонија, Грција, Албанија, па дури и во делови од Србија, а веб-страницата на EMSC веднаш беше преплавена со коментари од исплашени граѓани.
„Беше навистина силен, нè разбуди од сон… Се чувствуваше силно и траеше доста долго. Вистински ужас на осмиот кат“, гласат дел од сведоштвата на граѓаните кои во раните утрински часови го почувствувале тресењето на тлото.


