
Финансиски стимул и за новите жители
Мерката, која неодамна ја најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, има за цел да го задржи постојното население, но и да поттикне нови семејства да се преселат на островот. Правото на оваа финансиска помош не е ограничено само на староседелците; новите жители ќе можат да ја користат откако ќе докажат дека на Кастелоризо престојувале непрекинато најмалку една година.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Парите доаѓаат со низа олеснувања – помошта од 5.000 евра ќе биде целосно ослободена од данок и нема да може да биде предмет на присилна наплата. За тековните жители, првите исплати се планирани за почетокот на 2027 година, додека новите доселеници би почнале да земаат пари од 2028 година.
„За вработените во јавните служби, армијата и безбедносните структури кои работат на Кастелоризо е предвиден и дополнителен, посебен постојан годишен додаток од 5.000 евра.“
Инфраструктура, бесплатно сместување и даночни олеснувања
Грчкиот план не запира само на директната парична помош. Долгорочниот опстанок на изолиран остров зависи од условите за живот, па затоа властите најавуваат модернизација на пристаништето и аеродромот, нова субвенционирана траектна линија и обновување на старите куќи. Дел од обновените објекти ќе бидат наменети за бесплатно сместување на лекари, наставници и јавни службеници кои се неопходни за функционирање на локалната заедница. На сето ова се надоврзуваат и веќе постоечките даночни олеснувања, како 30 отсто понизок ДДВ и нулта стапка за данокот на недвижности (ЕНФИА).
Може ли Македонија да научи нешто?
Овој радикален грчки чекор отвора сериозно прашање за Македонија, која со децении се соочува со демографско празнење. Според Пописот од 2021 година, дури 205 населени места во државата останале без ниту еден жител, додека во 684 живеат помалку од 100 лица.
За разлика од Грција, македонските програми за поддршка (како тие за млади земјоделци) се строго врзани за земјоделска активност и бизнис инвестиции. Во Македонија не постои општ годишен надомест за домаќинство само врз основа на тоа што одлучило трајно да живее во рурална и напуштена средина. Моделот на Кастелоризо покажува дека финансискиот поттик дава резултати само кога оди рака под рака со обезбедено домување, здравство, образование и транспорт.


