
Таен инвеститор и сомнежи за милионски провизии
Според најновото соопштение на СДСМ, премиерот Христијан Мицкоски намерно ги крие клучните детали за овој проект бидејќи, како што велат, однапред си ја договорил личната провизија. Од партијата посочуваат дека компанијата тврди оти има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до реката Вардар, додека Владата одбива да го соопшти името на инвеститорот.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Опозицијата прашува чија струја ќе ја троши центарот – домашна или увозна, и предупредува дека крајниот товар ќе падне исклучиво врз сметките на обичните граѓани. Дополнително загрижува и еколошкиот аспект, односно од каде ќе се црпи водата за ладење на серверите и каде ќе се испушта загреаната отпадна вода.
„Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија – повеќе од сите градски домаќинства заедно. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030 година. Држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери.“
Хардвер за туѓа дигитализација
Од СДСМ децидно потенцираат дека не се против дигитализацијата, но сметаат дека овој проект претставува само обична „кражба облечена во сервер“. Тие предупредуваат дека индустрискиот шум и континуираното црпење на ресурсите само дополнително ќе го забрзаат иселувањето на младите од државата.
„Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Струјата ќе ја платат тие, без вода ќе останат тие, бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата“, заклучуваат од опозициската партија, барајќи итно објавување на јавниот договор.


