
Прекин на испораките и скок на цените
Поради нападите, за кои официјален Ријад ја обвинува ирачката милиција, целосно е запрен транспортот низ нафтоводот кој ги поврзува нафтените полиња во источниот дел на земјата со пристаништето Јанбу на Црвеното Море. Овој нафтовод во изминатите месеци имаше исклучително значајна улога бидејќи ѝ овозможуваше на Саудиска Арабија да го избегне транспортот низ Хормушкиот теснец, една од најкритичните светски точки за транспорт на нафта.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Според извори од индустријата, утоварот во пристаништето Јанбу е прекинат, а европските купувачи се веќе известени дека дел од септемвриските испораки ќе бидат откажани. Ова веднаш изврши силен притисок врз пазарите. Цената на барелот „брент“, кој е важен репер за европскиот пазар, се искачи на околу 108 долари, додека на физичкиот пазар одредени испораки достигнаа вртоглави 122 долари за барел.
„Саудиска Арабија сега би можела да се обиде да го зголеми извозот преку Хормушкиот теснец, вклучително и преку таканаречени ‘темни испораки’ – танкери кои намерно ги исклучуваат системите за следење на движењето“, посочуваат податоците од нафтената индустрија.
Европа во потрага по алтернативи
Меѓу европските компании кои први се соочуваат со последиците е полскиот енергетски гигант „Орлен“. Бидејќи „Сауди Арамко“ стана еден од нивните главни снабдувачи, компанијата сега е принудена брзо да реагира на нарушувањата во синџирот на снабдување.
За да ги компензира загубите, „Орлен“ веќе набавува дополнителни количини нафта од Северното Море, САД и Казахстан, а распишани се и нови тендери за набавки од Алжир и Гвајана. Иако од компанијата смируваат дека нивните рафинерии во Полска, Литванија и Чешка засега работат без прекини, неизвесноста на глобалниот пазар останува на високо ниво поради незаменливата улога на Саудиска Арабија во светскиот извоз на сурова нафта.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








