во

Трагедија на Шар Планина: Пронајдено безживотно тело на 2.500 метри надморска височина!

Трагедија на Шар Планина. Безживотно тело на маж е пронајдено вчера попладне на екстремна висина од над 2.500 метри, по што со специјална хеликоптерска акција е транспортирано до Тетово.

Случајот го пријавиле граѓани

Според информациите од СВР Тетово, случајот во полиција бил пријавен околу 14:30 часот од страна на граѓани кои се нашле на планинскиот терен. Поради екстремната височина и непристапноста на локацијата, била организирана акција за извлекување од воздух.

Супер Попуст -25%

Околу 17:30 часот, безживотното тело со полициски хеликоптер успешно било пренесено од планината до Тетово, каде што е предадено на понатамошна експертиза.

Неофицијално: Се работи за 70-годишен алпинист

Иако од СВР Тетово најавија дека повеќе официјални детали ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден, првичните неофицијални информации откриваат детали за идентитетот на починатиот.

„Според неофицијални извори, се работи за искусен планинар-алпинист на околу 70-годишна возраст, жител на тетовското село Џепчиште.“

Засега остануваат непознати точните причини и околностите под кои настапила смртта на мажот. Полицијата интензивно работи на расчистување на овој трагичен настан кој ја потресе планинарската заедница.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандал на скопскиот аеродром: Жестока тепачка меѓу неколку лица, летаа и столици!

Трагедија во Италија: 31-годишен Македонец загина во страшна сообраќајна несреќа!