
Падот на ПИСА-резултатите како главен аларм
Оваа крупна најава ја соопшти словенечкиот министер за образование, наука и млади, Борут Рончевиќ, при презентацијата на најновите резултати од меѓународното истражување PISA 2025. Според податоците, забележан е значителен пад кај словенечките 15-годишници во три клучни области – читање, математика и природни науки, што државата го сфати како сериозно предупредување и сигнал за темелна трансформација на системот.
Како ќе функционира новата „осумлетка“?
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Иако реформата се најавува како укинување на деветолетката, децата суштински и понатаму ќе поминуваат вкупно девет години во задолжителниот образовен систем. Клучната разлика е во организацијата: сегашното прво одделение ќе се трансформира во задолжителна предучилишна година (во градинка или во училишните простории), додека класичното основно образование ќе трае осум години.
Новиот модел, кој треба да стартува од учебната 2028/2029 година, предвидува и целосно нови наставни програми, промени во националното тестирање и матурата, како и порано описменување. Посебен фокус ќе се стави на дополнителната поддршка за учениците кои заостануваат со материјалот, но и на оние кои покажуваат натпросечни таленти.
Скептицизам кај родителите и директорите
Најавената реформа предизвика бран реакции во словенечката јавност. Здружението на директори оцени дека промената доаѓа како изненадување и отвора низа логистички прашања. Слична е реакцијата и на Здружението на совети на родители.
„Повеќе од две децении функционираме со деветгодишно образование, а сè уште немаме направено целосна евалуација на неговите вистински резултати, предности и слабости. Бараме детална анализа пред да се носат вакви крупни одлуки“, порачаа од Здружението на родители.
Со цел да се ублажат критиките, Министерството најави формирање на стратешки совет до крајот на септември, кој ќе биде задолжен за детална подготовка на реформата пред нејзината имплементација.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден








