во

Времето за викенд: Студено утринско со нула степени, а преку денот сончево и топло до 27 степени

Денешното утро започна ведро и студено, додека во текот на денот не очекува стабилно, сончево и релативно топло време со максимални температури до 27 степени.

Прогноза за деновите од викендот

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот ќе преовладува стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се движат во интервал од минус 2 до 7 степени, додека дневните максимални вредности ќе достигнуваат меѓу 18 и 27 степени Целзиусови.

Супер Попуст -25%

Временски услови за Скопје:

  • Денешна состојба: Во главниот град преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер.
  • Температури: Минималната утринска температура во Скопје се спушти до 3 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 26 степени.

Очекувања за следната седмица

Од понеделник продолжува периодот на стабилно време со сончеви периоди и променлива облачност преку денот. Утрата ќе останат ведри, тивки и студени со ниски температури кои на места повторно ќе се спуштат под нулата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историска церемонија: Грција му ги предава посмртните останки на цар Самоил на Бугарија во Музејот на византиската култура во Солун

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 ОКТОМВРИ: Бикот повторно ја губи довербата во себе, Водолијата во одлично расположение