
Прогноза за целата земја
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време, проследено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури се движат во интервал од -2 до 8 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат меѓу 18 и 26 степени Целзиусови.
Временски услови во Скопје
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Во главниот град денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура во Скопје се спушти до 8 степени, додека максималната дневна температура се очекува да достигне до 25 степени.
Стабилен период во наредните денови
УХМР најавува стабилно време во наредниот период. Утрата ќе продолжат да бидат ведри, студени и тивки со ниски температури кои наместа ќе паѓаат под нулата, додека деновите ќе останат релативно топли и сончеви.


