во

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Филипче и Заев стојат зад бегството на Ива Михаилова во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања до поранешното раководство на СДСМ, прашувајќи дали Венко Филипче и Зоран Заев стојат зад бегството на Ива Михаилова во Бугарија преку издејствуван медицински извештај.

Спорна медицинска дијагноза за лекување во Бугарија

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Според информациите презентирани од партискиот портпарол Манасиевски, извештајот за дијагнозата на Михаилова го изготвил д-р Иван Барбов. Овој лекар во 2017 година беше поставен за директор на Клиниката за неврологија токму од страна на Заев и Филипче. Во спорниот медицински извештај, лекарот навел дека неопходниот метод за лекување на пациентката го нема во Македонија и дека таа мора итно да замине во соседна Бугарија, со што практично ѝ се овозможило напуштање на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на минатото на д-р Барбов:

  • Тој е познат во јавноста како правосилно осуден во мега-скандалот „Метастаза“.
  • Беше меѓу обвинетите за посредување и илегално издавање на инвалидски пензии (земајќи од 1.500 до 4.000 евра по лице).
  • Во овој случај нелегално биле заработени 165.000 евра, а Фондот за здравство бил оштетен за над 53.000 евра.

Барање за итна истрага

Партијата изрази сериозен сомнеж дека зад целата медицинско-дипломатска операција стои координирана спрега меѓу поранешните македонски функционери и софиските власти, обвинувајќи дека единствени кои ликуваат на ова бегство се Румен Радев и раководството на СДСМ.

„Дали Филипче и Заев ургирале кај нивниот криминален другар д-р Барбов да направи ваква дијагноза за Михаилова затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто си играат со довербата на граѓаните?“, праша Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна реакција и отворање на истрага од страна на надлежните обвинителски органи по допрен глас со цел да се расветлат сите околности околу заминувањето на Михаилова.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Активен ден во Собранието: Закажани седници на четири собраниски комисии

За што точно е обвинета бегалката Ива Михајлова: Детали за кобната сообраќајка во која загина едно лице