во

Ескалација на протестите во Европа: Полицијата употреби водени топови во Милано, шаторски камп во Лисабон

Бранот протести предизвикан од високите трошоци за живот и економската несигурност, кој претходните недели ги зафати Шпанија и Франција, се прошири низ Италија и Португалија, резултирајќи со насилни судири во Милано и масовни кампувања во Лисабон.

Жестоки судири, запалени барикади и 50 приведени во Милано

Демонстрациите во центарот на Милано започнаа мирно, но набрзо ескалираа во отворено насилство. Маскирани лица почнаа да фрлаат камења, плочи од тротоарите и други предмети кон полициските кордони за разбивање демонстрации. Демонстрантите поставуваа и палеа барикади направени од инвентар земен од околните угостителски објекти.

Супер Попуст -25%

За да ја стави ситуацијата под контрола, италијанската полиција употреби водени топови и солзавец. За време на немирите се повредени најмалку двајца полицајци, а оштетено е и едно возило на карабињерите. Властите информираат дека се приведени околу 50 демонстранти, меѓу кои има голем број малолетници.

Лисабон под шатори: Цените на недвижностите повисоки за 124 отсто

Сликата во Португалија е поинаква, но револтот е подеднакво силен. Следејќи го примерот од Мадрид, стотици демонстранти поставија шаторска населба на плоштадот „Росио“ во туристичкото срце на Лисабон. Тие бараат итни решенија за станбената криза, откако официјалните податоци покажаа дека цените на недвижностите во Португалија пораснале за вртоглави 124 отсто во периодот од 2015 до 2024 година – стапка која е двојно повисока од просекот во Европската Унија.

Учесниците на маршот ја обвинуваат владата за целосната либерализација на кириите, преку која сопствениците на имоти добиваат заштита, додека станарите, особено младите и жителите на Лисабон, се доведени на раб на егзистенција.

„Португалската средна класа – оние што плаќаат даноци и на кои почива оваа земја – е под напад и ги губи своите права, особено правото на домување. Затоа сме сите овде; сакаме да испратиме порака дека нè задушуваат“, порачуваат португалските демонстранти.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бурни реакции во СДСМ по изборите во Брвеница: Партијата гледа раст, членството револтирано од тешкиот пораз

Хаос во Франција: Макрон повика на национално единство и најави можни забрани за протести по разорните немири