во

Затворска казна за Мухамед Зекири: Осуден на година и седум месеци за незаконски консултантски договори

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, е осуден на една година и седум месеци затвор за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, потврди Апелацискиот суд во Скопје.

Незаконски консултантски договори за „Пошта“ и „Железници“

Пресудата доаѓа откако Судот утврдил дека Зекири склучувал спорни договори за консултантски услуги кои биле директно поврзани со анализа на состојбите и можностите за приватизација на две големи државни претпријатија – „Македонска пошта“ и „Македонски железници“.

Супер Попуст -25%

Според одлуката на Апелација, овие договори биле склучени во четири очи, без претходно спроведување на соодветна и задолжителна постапка за јавна набавка, со што поранешниот владин функционер свесно го прекршил законот.

Право на жалба до Врховниот суд

Оваа одлука беше донесена по деталното разгледување на предметот, поднесените жалби, предлозите на Вишото јавно обвинителство Скопје и доказите кои беа изведени на јавната расправа одржана на 30 септември оваа година.

Сепак, судската одлука сè уште не е правосилна. Зекири има законско право да поднесе жалба до највисоката судска инстанца – Врховниот суд, во рок од осум дена од официјалниот прием на одлуката.

„Писмената изработка на пресудата е во тек, а нејзината целосна содржина ќе биде објавена на веб-страницата на Апелацискиот суд, согласно законските одредби“, појаснуваат од Судот во Скопје.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мисајловски со одлични вести за Армијата: Наскоро нов колективен договор и повисоки плати

Вознемирувачки инцидент во Карпош: Девојка пријавила дека била следена и нападната од манијак