во

Исправена историската неправда: Вратен споменикот на децата бегалци во паркот „Жена-Борец“

Вандализираното спомен-обележје посветено на децата бегалци од Егејска Македонија конечно е обновено и вратено во паркот „Жена-Борец“ во самиот центар на Скопје, со што се враќа достоинството на овој значаен историски симбол.

Споменикот е посветен на илјадниците деца кои биле принудени засекогаш да ги напуштат своите домови. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека целта на оваа обнова е трајно зачувување на сеќавањето за нивните трагичните судбини. Иако споменикот беше мета на вандали во минатото, тој сега повторно стои како силен потсетник за прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот крај.

Целосна реконструкција на паркот

Супер Попуст -25%

Паралелно со враќањето на ова значајно спомен-обележје, градските власти интензивно работат на терен. Во тек се обемни градежни активности за комплетна ревитализација на паркот „Жена-Борец“, кој претставува култно место и важен чувар на колективната меморија на скопјани. Со овие зафати се очекува просторот да добие современ и уреден лик каков што доликува на строгиот центар на главниот град.

„Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство! Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија. Градиме за иднината. Со почит кон минатото!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рокерот кој ја победи државната негрижа: Деко успеа да го заштити нашето природно богатство