
Европа е поделена, потребен е обединет преговарачки фронт
Во своето опширно интервју за германскиот весник „Билд“, Павел предупредува дека ниту Русија, ниту Соединетите Американски Држави во моментов не ја сфаќаат Европа сериозно бидејќи континентот изгледа слабо и поделено. Тој апелира до европските нации итно да одредат политички лидери кои ќе добијат мандат да водат преговори во име на цела Европа, потенцирајќи дека безбедноста на континентот не може да се решава без самите Европејци.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Според чешкиот претседател, економската соработка би можела да послужи како силен поттик за Кремљ. Доколку се постигне прекин на огнот во Украина, обновувањето на економските односи и трговијата би можело да биде доволно привлечно за Русија да ги запре своите хибридни напади.
Параноја во Кремљ и масовни руски загуби
Анализирајќи ја состојбата на рускиот претседател, Павел истакнува дека Путин е изолиран, не верува речиси никому и чувствува опсесивен страв од атентат. Поради тесниот круг на соработници кои ги филтрираат информациите, Путин е убеден дека воената операција се одвива успешно, иако реалноста на теренот е поинаква.
Павел тврди дека руските ресурси се сериозно исцрпени, посочувајќи дека само во септември Русија изгубила околу 50.000 војници, бројка која далеку ја надминува способноста на Москва за регрутација. Сепак, целта на Кремљ останува иста – да го направи животот во Украина неподнослив и да предизвика нов бран бегалци кон европските земји.
НАТО можеби ќе мора да соборува руски летала
Во одвоено интервју за „Фокс њуз“ за време на Генералното собрание на ОН, Павел се осврна и на нарушувањата на воздушниот простор на Алијансата. Тој направи јасна разлика помеѓу случајно заталкани летала и намерни провокации на кои мора да се одговори воено.
„Можеби ќе дојде време кога ќе мора да собориме некои од тие авиони или беспилотни летала што ја тестираат нашата подготвеност. Она од што се плашам е дека тие го гледаат недостатокот на волја од наша страна да преземеме решителни мерки како слабост. И ја почитуваат силата“, дециден е Павел, предупредувајќи дека Русија ќе оди сè подалеку ако не се соочи со решителен одговор.


