
Ескалација на незадоволството и инциденти пред кабинетот
Демонстрантите синоќа фрлаа молотови коктели кон кабинетот на албанскиот премиер и врз полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата. Според локалните медиуми, инцидентот предизвикал помал пожар кој многу брзо бил изгаснат од дежурните противпожарни екипи. Иако полицијата имала подготвено водени топови, тие не биле употребени, а собирот поминал без дополнителни полициски интервенции.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
По неколкучасовниот протест пред владата, демонстрантите се упатиле кон плоштадот „Скендербег“, најавувајќи дека денеска ќе ги продолжат своите активности пред албанскиот парламент, и тоа на само еден час пред почетокот на закажаната пленарна седница.
🇦🇱 Albânia: protestos pedem mudança radical na política. A Praça Skanderbeg, em Tirana, registra o sexto dia consecutivo de protestos contra o governo de Edi Rama. #Albânia #Tirana #Protestos #EdiRama #Política #Democracia #Europa #FronteiraLivre pic.twitter.com/AkzZlwnp6M
— Fronteira Livre (@fronteira_livre) October 22, 2026
Од студентски барања до политичка криза
Протестите во Албанија беа иницирани од студентите, како реакција на незадоволството од лошите услови во образованието, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите. Сепак, со текот на деновите, овие демонстрации прераснаа во пошироко општествено движење против владата, чие главно барање сега е оставка на премиерот.
Во обид да ја смири ситуацијата, премиерот Еди Рама утрово преку видеоснимка на Фејсбук повторно повика на дијалог. Во пораката, тој поставил симболични покани за разговор на бетонски клупи, како продолжение на неговите претходни обиди за комуникација со студентите. Сепак, аналитичарите во Тирана очекуваат уште еден исклучително напнат ден на улиците.

