во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 ОКТОМВРИ: Шкорпиите ги чека напорен ден, Овенот е недоверлив, а Рибите да бидат трпеливи

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Не сте сигурни колку можете да ѝ верувате на една личност која се нуди да ви помогне по некои прашања. Сметате дека кај неа постои извесна форма на манипулативност и веројатно сте во право. Слободно сметајте на тоа дека емотивниот партнер ќе ве изнервира.

♉

Бик

На лицата со кои сте во контакт многу често им се допаѓа вашиот начин на размислување и идеите кои ги имате. Можно е дури да ви биде предложена соработка. Емотивниот партнер се обидува да ве потсети на ветување или договор, но вие многу успешно избегнувате да му излезете во пресрет.

♊

Близнаци

Ќе биде раздвижено, но прилично весело на работа, па ќе ви биде полесно да одработите некои здодевни обврски. Мозокот ви работи сто на час, па искористете го овој момент да го решите проблемот кој веќе подолго време ве мачи. Во контактот со спротивниот пол покажувате ведрина и зборливост.

♋

Рак

Денес ќе морате да одработите обврска која веќе некое време ја одложувате. Дојдовте до некој краен рок и време е да се придвижите. Денес доаѓате во контакт со исклучително интересни луѓе кои будат интерес кај вас.

♌

Лав

Иако тоа не ви беше намерата, на другите денес во комуникацијата им делувате препотентно и арогантно. Во суштина – истото тоа би можеле и вие да го кажете за нив. Слаби можности за договор. Саканата личност веројатно доста ќе ви забележува денес.

♍

Девица

Ако не стигнавте да одработите некоја обврска во текот на претпладнето, бидете сигурни дека до крајот на денот уште исто толку работа ќе ви се натовари, па одеднаш ќе се најдете во голема гужва. Од утрово доцнења, гужва, проблеми со техничките средства, компјутерот, телефонот.

♎

Вага

Кај вас денес сè е раздвижено, сè е во брзина од сто на час. Меѓутоа, и вие лично сте толку полни со енергија што просто ви годи да функционирате во вакво темпо. Денес нешто полоши односи со надредените. Во емотивниот дел чувствувате блискост и потреба за саканата личност.

♏

Шкорпија

Денешниот ден може да ви биде напорен, а најмногу ќе ви пречи што тешко ќе постигнувате договор и усогласување, дури и со најблиските колеги. Од друга страна – и нешто во однесувањето на саканата личност многу ви пречи и се подготвувате да разговарате со неа.

♐

Стрелец

За вас лично ова е одличен ден за комуникација и можете во голема мера да се ангажирате околу нешто што веќе подолго време ве заокупува. Искористете го моментот да покренете важни прашања. Познанство преку пријатели кое целосно ќе ви ги окупира мислите.

♑

Јарец

Можно е некој со своето однесување често да ја преминува границата и ќе ви треба доста трпение и труд за да не бидете извадени од такт. Ни со надредените лица нема да имате складна комуникација. Една личност ви привлекува внимание и се обидувате да остварите посилен контакт со неа.

♒

Водолија

Некој денес упорно ви оди контра и колку и да ви пречат ситните провокации на оваа личност, нема да дозволите да ви го расипе расположението. Личноста која неодамна ја запознавте ви дава големи знаци дека би сакала подобро да ве запознае. Се чувствувате многу поттикнато.

♓

Риби

Потребно ви е да имате добра комуникација со лицата со кои непосредно соработувате, но ми изгледа дека тоа ќе биде малку проблематично. Подгответе се да бидете трпеливи. Во средбата со некој кој ви е многу интересен ќе бидете духовити и расположени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Променливо облачно со повремен дожд и северозападен ветер

Ви остана пире од ручекот? Претворете го во свиленкаста крем супа за само 20 минути