во

Трагедија во БиХ: Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, четворица загинати и 11 повредени Италијанци

Четворица италијански државјани, припадници на мировната мисија Алтеа на ЕУФОР, го загубија животот, а 11 се повредени откако воен хеликоптер „Чинук“ се урна во близина на босанскиот град Брчко.

Снимен моментот кога пилотот губи контрола

Тешката воздухопловна несреќа се случила попладнево за време на рутинска операција. Хеликоптерот од типот ЦХ-47 (Чинук) се урнал откако пилотот изгубил контрола над леталото, а на социјалните мрежи веќе се појавија снимки од самиот момент на падот.

Супер Попуст -25%

Бројот на жртви се искачи на четири откако на повредите им подлегна еден тешко повреден италијански војник кој беше во критична состојба. Меѓу загинатите се двајца припадници на италијанската армија и двајца членови на воениот Црвен крст. Останатите 11 повредени лица, сите од Италија, моментално се во стабилна состојба.

Истрага за несреќата и итна реакција од Рим

Италијанскиот државен врв веднаш реагираше на трагедијата во Босна и Херцеговина. Премиерката Џорџа Мелони упати длабоко сочувство до семејствата на загинатите мировници, додека надлежните служби веќе започнаа опсежна истрага за откривање на точните причини кои довеле до падот на хеликоптерот.

„Како одговор на сериозноста на инцидентот, италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросети итно отпатува кон БиХ за лично да го посети местото на несреќата и да ја следи ситуацијата со повредените“, најавија италијанските власти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Старински рецепт за обланди со карамела: Филот се вари долго, но вкусот вреди за секоја минута

СДСМ со остри критики: Левица сака да ја внесе Македонија во БРИКС и да ја направи руска губернија