во

Огнен хаос низ Германија: Мирните протести ескалираа во немири, запалени барикади и над 200 уапсени

По претежно мирните демонстрации на млади луѓе низ 34 градови во Германија, паѓањето на ноќта донесе вистински хаос на улиците. Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели врз полицијата, при што се уапсени повеќе од 200 лица.

Насилство и грабежи во Франкфурт и Келн

Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Франкфурт, ситуацијата излезе од контрола доцна вечерта кога маскирани лица провалија во продавници и крадеа стока. Полицијата уапси околу 30 изгредници, а при интервенцијата беа запленети и две парчиња оружје. Слична тензична атмосфера владееше и во Келн, на плоштадот кај катедралата во близина на главната железничка станица, каде демонстрантите фрлаа шишиња и велосипеди кон полицајците.

Супер Попуст -25%

Шефот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, информираше дека кај маскирани демонстранти биле пронајдени и запленети молотови коктели и чекани за кршење стакло во итни случаи, нагласувајќи дека нивната намера за предизвикување насилство била очигледна.

Десетици повредени во Берлин и масовни апсења во Хамбург

Во Берлин, ситуацијата драстично ескалираше откако демонстрантите, меѓу кои имаше и поддржувачи на пропалестинското движење, почнаа да фрлаат петарди, пиротехнички средства и јајца кон полицајците и новинарските екипи. Берлинската полиција соопшти дека се уапсени 56 лица, додека речиси 30 полициски службеници се здобиле со повреди.

Најмасовен собир беше забележан во Хамбург, каде на улиците излегоа околу 6.700 луѓе. Дел од нив, облечени во црно и со маски на лицата, запалија барикади. Полициските сили употребија бибер-спреј и водени топови за да ја растераат толпата и да ги изгаснат пожарите, при што беа уапсени околу 120 изгредници.

„Иницијативата ‘Генерација З презема контрола’, која ги организираше протестите, целосно се огради од насилството, потенцирајќи дека нивните првични барања биле зголемено финансирање на училиштата, достапна психотерапија, социјална правда и конкретни мерки за справување со трошоците за живот“, пренесуваат германските медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хаос во Франкфурт: Ограбена продавница за оружје, полицијата употреби водени топови против демонстрантите

Хаос низ Франција: Над 320.000 на улиците, запалени полицајци и жестоки судири со „Жолтите елеци“