
Судири, апсења и десетици повредени
Интервенцијата на безбедносните сили резултираше со физички пресметки. Според полициските извештаи, полицијата била принудена да употреби штитови и палки за да ја растера толпата откако дел од демонстрантите почнале да фрлаат шишиња и боја кон полициските кордони. Поради одбивање да ги почитуваат наредбите за распуштање, уапсени се вкупно 13 лица – шестмина во Лисабон и седуммина во Порто.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
За време на немирите повредени се 13 полициски службеници, од кои осуммина завршиле во болница. Од друга страна, активистичката група „Акампада Лисбоа“ алармира дека повеќе од 30 демонстранти се повредени при полициската акција, при што десетмина побарале болничко лекување.
Police clashed with protesters in Portugal after thousands demanded the government scraps a proposed law that they say would deepen the country’s housing crisis. pic.twitter.com/1RJrlOZxdI
— Al Jazeera English (@AJEnglish) November 1, 2026
Една од најтешките станбени кризи во Европа
Револтот на граѓаните е насочен кон предложениот закон на централно-десничарската малцинска влада, со кој значително ќе се олесни иселувањето на станарите и ќе се укинат ограничувањата за изнајмување при склучување нови договори за закуп. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ја отфрли можноста за целосно повлекување на предлогот, иако остави простор за одредени измени пред конечното гласање во парламентот.
„Португалија се соочува со една од најтешките станбени кризи на европскиот континент, при што цените на недвижностите во земјата се зголемија повеќе од двојно од 2017 година наваму“, анализира Дојче Веле.


