
Интензивни пребарувања на реката Вардар и теренот
Случајот со исчезнувањето на младиот гостиварчанец и понатаму ја вознемирува јавноста. На 21 октомври, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување во координација со полицијата и локалните служби го пребаруваа коритото на реката Вардар. Во акцијата учествуваше и Тимот за брз одговор за спасување на води, кои детално проверија десетина критични точки од градското подрачје до низводните делови, но денот потоа беше потврдено дека Шабани не е пронајден.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Во рамките на досегашната истрага, надлежните органи повикале на разговор лица кои имале контакт со него непосредно пред да му се изгуби трагата. Исто така, беа анализирани снимки од безбедносни камери, собирани информации за неговото движење, а за потребите на потрагата било побарано и привремено намалување на нивото на водата во реката Вардар.
Апел за помош и објавена фотографија од МВР
Фотографијата и податоците на Шемо Шабани се официјално објавени и на интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи во делот за исчезнати лица, а секоја нова информација од граѓаните може да биде од круцијално значење за разрешување на случајот.
Потрагата продолжува, додека семејството и јавноста со голема загриженост чекаат било каков траг што би довел до пронаоѓање на момчето.
„Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој на 13 октомври излегол од својот дом и не се вратил. И покрај преземените полициски мерки и пребарувањата на терен, потрагата засега не дала резултат.“


