во

Владата под притисок попушти: Насилниците конечно ќе добијат електронски алки!

По серијата потресни случаи на фемицид и жестокиот јавен револт, Владата конечно попушти. Насилниците ќе бидат следени преку електронски алки, мерка која граѓанските организации со години ја бараа!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на „Сител“ ја соопшти долгоочекуваната вест. Тој потврди дека во Собранието веќе е поднесено ново законско решение за семејно насилство, во кое конечно е вклучена можноста за употреба на електронски алки за следење. Овој потег доаѓа веднаш по најновиот трагичен случај во Богданци, кој ја прели чашата на трпението кај јавноста.

Парите не смеат да бидат поважни од животот

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Иако претходно од власта се правдаа дека одамна постои политичка волја, но дека станува збор за прескапа технологија, притисокот од граѓаните ја промени реториката. Тошковски сега тврди дека на овој закон се работело повеќе од пет до шест месеци, во широка координација со институции, експерти и невладини организации. Целта е јасна – да се стави крај на неказнивоста и слободното движење на потенцијалните убијци.

„Верувајте ми, ова законско решение нема да ја реши состојбата со семејното насилство, но гарантирам дека ќе даде подобри резултати од оние што ги имаме сега.“

Судовите ќе ги носат одлуките за следење

Според новиот закон, електронските алки нема да се ставаат произволно, туку исклучиво по одлука на судовите за лицата кои се осомничени за насилство. Министерот Тошковски апелираше до пратениците да покажат свест и во најкраток можен рок да го усвојат ова законско решение кое буквално може да спасува животи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поглед во минатото: Новата суперкомпјутерска симулација „Лумина“ ги открива првите 2 милијарди години од универзумот