
Откажани илјадници летови и глобален хаос
Забраната за полетување, која беше активирана во петокот попладне, предизвика вистински хаос. Според податоците на „FlightAware“, само вчера доцнеле повеќе од 8.500 летови, додека речиси 8.000 биле откажани. Хаосот продолжи и денеска со нови 2.000 откажани летови, оставајќи десетици илјади патници заглавени по аеродромите.
Во моментот на воведувањето на забраната, во воздухот имало повеќе од 3.500 авиони, кои морале итно да се пренасочат или да продолжат до планираните дестинации под отежнати услови. Проблемот брзо се прелеа и надвор од американските граници. На барање на САД, „Еуроконтрол“ ги запре летовите од Европа, додека слични мерки презедоа и аеродромите во Австралија и Канада.
Застарена технологија и потреба од милијарди за модернизација
Американскиот министер за внатрешна безбедност, Марквејн Мулин, отфрли секаква можност за хакерски напад или поврзаност со глобалниот пад на „Мајкрософт“. Вистинската причина ја откри министерот за транспорт, Шон Дафи, кој објасни дека проблемот лежи во преоптоварувањето на застарениот комуникациски систем.
Според Дафи, станува збор за аналогна телекомуникациска технологија каде што рутерите и прекинувачите едноставно престанале да работат под притисок на огромниот обем на податоци. Тој предупреди дека е потребна итна и целосна модернизација на системот која би чинела околу 50 милијарди долари. Во врска со ова, реагираше и претседателот Доналд Трамп, кој побара од Конгресот итно донесување закон за финансирање на клучната авијациска инфраструктура.
„Овој прекин е втор случај на целосна забрана за полетување на авионите на територијата на САД од терористичките напади на 11 септември 2001 година… Станува збор за аналогна телекомуникациска технологија. Нашите прекинувачи и рутери едноставно биле преоптоварени со податоци и престанале да работат.“
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







