
Мрежа за влијание врз сведоци од притворската ќелија
Овој судски процес е одвоен од главното судење за воените злосторства, но е тесно поврзан со него. Според обвинителството, од април до ноември 2023 година, Тачи за време на посетите во притворот наводно споделувал строго доверливи информации за заштитени сведоци и давал директни насоки за влијание врз нивните искази.
На обвинителната клупа покрај него седат и поранешниот шеф на Разузнавачката служба (АКИ) Башким Смакај, поранешниот министер за правда Хајредин Кучи, како и Исни Килај и Фадил Фазлиу. За Тачи, обвинителството бара дополнителна казна од шест години затвор, со барање времето веќе поминато во притвор да не му биде пресметано.
Веќе осуден на 25 години затвор за воени злосторства
Денешната пресуда доаѓа само неколку месеци откако на 16 септември годинава, во првостепена постапка, Тачи беше осуден на дури 25 години затвор за воени злосторства. Во истиот процес беа осудени и неговите соборци од поранешната ОВК – Јакуп Красниќи (25 години), Кадри Весели (18 години) и Реџеп Селими (13 години). Судот ги прогласи за виновни за незаконско лишување од слобода, тортура и убиства на лица сметани за противници на ОВК (Албанци, Срби и Роми).
Денешната пресуда има огромно значење не само за Косово, туку и за целиот регион. Таа треба да испрати јасна порака за нулта толеранција кон обидите за застрашување на сведоци и рушење на интегритетот на меѓународното правосудство, порака која има специфична тежина и во контекст на поранешните конфликти и судски постапки низ целиот Балкан.
„Обвинителството тврди дека обидите за влијание врз сведоци биле насочени токму кон лицата кои требало да сведочат во главниот процес за воените злосторства на ОВК.“
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







