
Едногласна одлука против враќањето на Хуанг
Претседателот на Одборот на директори, Харви Џонс, за време на презентацијата на деловните резултати стави точка на гласините кои кружеа во јавноста. Тој потврди дека одборот едногласно ја прифатил оставката на Хуанг, поднесена на 12 ноември, и дека немаат апсолутно никаква намера повторно да го именуваат за извршен директор.
Оваа изјава доаѓа како директен одговор на објавата на Хуанг на социјалната мрежа „Икс“, каде што тој истакна дека добил бројни повици од вработени, инвеститори и деловни партнери да се врати. Хуанг нагласи дека би му било чест да го стори тоа доколку се оцени дека е во најдобар интерес на акционерите, вработените, компанијата и САД, но раководството испрати јасна порака дека враќање назад – нема.
Аферата со кинеската претприемачка како фатален удар
Оставката на основачот кој беше заштитно лице на компанијата повеќе од три децении (од нејзиното основање во 1993 година), уследи по откритијата за повеќекратни вонбрачни афери кои ги прекршија кодексот на однесување и вредностите на „Nvidia“. Клучниот удар дојде од откриената долгогодишна врска со бизнисменката Алис Хуанг, поранешна директорка на „Мегаспид“, за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека има тајни врски со Министерството за државна безбедност на Кина.
Овој скандал предизвика вистински земјотрес во американската технолошка индустрија, имајќи предвид дека „Nvidia“ игра круцијална улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција и снабдувањето со напредни чипови. На местото на Хуанг, како привремен извршен директор, веќе е назначена Колет Крес, долгогодишната финансиска директорка и извршен потпретседател на компанијата.
„Нашиот одбор на директори објави на 12 ноември дека Џенсен Хуанг доброволно поднел оставка… Одборот едногласно ја прифати неговата оставка и нема намера повторно да го назначи за извршен директор“, изјави Харви Џонс.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден







