во

Голем руски напад врз Киев: Најмалку тројца загинати и оштетени три моста на Днепар – нарушено снабдувањето со струја, вода и греење!

Русија изврши масовен напад со балистички проектили и дронови врз Киев, само еден ден откако претседателот Владимир Путин вети болна одмазда за украинските напади врз Кримскиот мост. Во нападот загинаа најмалку тројца луѓе, а оштетени се три моста на реката Днепар.

Оштетена инфраструктура и прекин на струја, греење и вода во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, упати итен апел до жителите на украинската престолнина да не користат автомобили. Тој потврди дека во разорниот напад биле оштетени три моста на Днепар, а сериозно е нарушено и снабдувањето со електрична енергија, греење и вода во делови од градот.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Според соопштението на украинската војска, ноќешниот напад траел неколку часа и бил изведен со комбинација од дронови, балистички и крстосувачки ракети. Проектилите биле лансирани од стратешки бомбардери „Ту-160“, кои полетале од воздухопловната база „Украинка“ на Далечниот Исток на Русија.

Нападнати повеќе украински градови по заканата на Путин

Покрај главниот град, цел на руските удари биле и Харкив, Днипро, Криви Рих, Ивано-Франкивск, како и Лвов, каде што животот го загубија две лица.

Оваа ескалација следува веднаш по самитот во Кина со Доналд Трамп и Си Џинпинг, по кој рускиот претседател Владимир Путин се закани дека Москва ќе одговори на неодамнешните украински напади врз Кримскиот мост, кој неделава претрпе сериозни оштетувања.

„Во нападот биле оштетени три моста на Днепар и е нарушено снабдувањето со електрична енергија, греење и вода“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, апелирајќи до граѓаните да не користат автомобили.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пресврт во Брисел: Унгарија го повлекува ветото, отворен патот за преговори на Украина и Молдавија со ЕУ

Поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил: Трамп му испрати ужасна порака на Зеленски нарекувајќи го Путин „свој пријател“